Руски брод со хуманитарна помош за Северна Кореја пристигна во пристаништето Чонгџин, соопшти руската амбасада во Пјонгјанг.
„За време на викендот, персоналот на рускиот Генерален конзулат во Чонгџин го посети пристаништето, каде што се одржа церемонијата за предавање на хуманитарната помош. Генералниот конзул, Јури Бочкарев изврши инспекција на товарот, 2.092 тони пченица, по што се качи на бродот и разговараше со екипажот“, објави Амбасадата.
Амбасадата додава дека во Чонгџин истоварени се околу 1.000 тони пченица, а останатите ќе бидат префрлени во градот Хунгнам.