Снежна лавина се спушти кон автопат во Колорадо, возачите во паника

Џејкоб Истон, во придружба на неговиот татко во неделата возел по автопат меѓу градот Фриско и планината Копер. Во еден момент, од нивната лева страна забележале голем бел облак што се движeл кон нив.

Истон веднаш почнал да снима видео кое го објавил на Инстаграм.

Проклетство! Се надевам ова нема да падне врз нас“, се слуша како на видеото зборува еден од двјцата мажи.

На снимката се гледа како облакот од снег ги покрива автомобилите и патот пред нив и полека почнува да им се приближува, целосно покривајќи ја шофершајбната од нивниот автомобил.

Иако се појавија шпекулации дека станува збор за контролирана лавина, портпаролот на Одделот за сообраќај во Колорадо изјавил дека лавината настанала по природен пат.

Според информациите во оваа природна непогода нема повредени, а автопатот бил затворен околу еден час.

Треба да знаете
Последни објави