Oбвинение за двајца скопјани кои дивееја во кафеана во Драчево

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.

Лицата се обвинети дека на 07.10.2018 година, во угостителски објект во населбата Драчево, во група и со умисла извршиле грубо насилство, при што тешко телесно повредиле две лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Откако критичната вечер обвинетите дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од обвинетите со употреба на нож им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени. Настанот се одвивал пред повеќе гости во локалот, кај кои обвинетите предизвикале чувство на несигурност, згрозување и страв.

За двете обвинети лица на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Треба да знаете
Последни објави