Водостоите на реките под мартовскиот просек

Водостоите на сите реки во Македонија се под мартовскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

За пет пати е пониско нивото на реката Треска, за четири пати водостојот на Црн Дрим и за три пати нивото на Сатеска река кај Ботун. За двојно е понизок водостојот на Лепенец, Пчиња, Крива Река, Бабуна и Црна Река. Под просекот за март е и водостојот на Вардар на сите мерни станици.

Кај езерата има зголемување на нивото кај Дојранското Езеро, додека кај Охридското и Преспанското Езеро нема поголеми отстапувања.

Треба да знаете
Последни објави