Иванов ќе му биде домаќин на Франциск за кого се изработува посебна столица

Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов без оглед што во земјава за претходно се закажани и претседателските избори, пренесува Фактор

Според информации на Фактор, Папата Франциск ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на Плоштадот. Таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на Столица која во Македонија се изработува само по тој повод.

Треба да знаете
Последни објави