Бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор, по одлука на Врховниот суд. Одлуката била донесена уште во петокот, а се очекува во текот на денот и официјално да биде потврдена од Врховниот суд.
Во куќен притвор останува поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, исто така осомничен за „Империја“, кој исто ттака се жали до повисоките судски истанци.
Покрај овие четворица, во „Империја“ осомничени се и мајката на Орце, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.



