Неда Арнериќ, една од најголемите југословенски и српски актерки, која во средата беше транспортирана до Воено-медицинската академија (ВМА) во тешка состојба, сега е стабилна. Најновата вест е дека актерката продолжува да ја добива потребната терапија, таа е будна, нерасположена, а лекарите се блиску до одлуката да ја задржат на лекување.
„Пациентката веќе не е животно загрозена. Таа сè уште ја прима целата потребна терапија и нега. Таа е нерасположана. Нејзината состојба постојано се следи. Можеби ќе ја задржиме на лекување, како и интензивно да ги вклучиме психијатрите“, велат од ВМА.
Неда Арнериќ беше хоспитализирана во ВМА во средата, околу 21 часот, со возилото за итни случаи, таа беше примена на одделот за токсикологија во бесвесна состојба.
Дека нешто не е во ред таа вечер сфатил братот на актерката, кој упорно ѝ ѕвонел на телефон и не можел да ја добие.
Лекарите не сакаат да шпекулираат за причините поради кои на Неда Арнериќ ѝ се слошило.
Во средината на декември минатата година почина сопругот на Неда, д-р Милорад Мештеровиќ, а информацијата за тоа стигна во јавноста во јануари, бидејќи Неда ги извести само најблиските пријатели