Османи: Успехот на реформите на проверка во Брисел

Во Владата денеска се одржа 42. состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој го водеше вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. На состанокот беа отворени актуелните теми поврзани со европските интеграции на земјата во однос на статусот на спроведување на Планот 18, претстојната динамика и статусот на реализација на потребните реформи, оценските мисии и обврските по нивните заклучоци, активностите за текот на објаснувачкиот скрининг и предизвиците со кои се соочува преговарачката структура, како и ревизијата на НПАА 2019-2021 и апсорпцијата на ИПА.

„На првиот состанок годинава побарав целосна мобилизација на администрацијата за реализација на реформите, и тој притисок даде резултати- Планот 18 се реализира со очекуваната динамика, а институциите го даваат својот оптимум“, истакна Османи.

Тој рече дека на редовниот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија кој ќе се одржи овој месец во Брисел, ќе биде направен мериторен пресек за успешноста во имплементацијата на реформите,.

„Во таа насока барам посебен фокус од администрацијата кон финализација на реформите, за во Брисел да се преставиме во најдобро светло, со што е можно повеќе остварени резултати зад нас“, потенцираше Османи на состанокот.

Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

Треба да знаете
Последни објави