Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние утре ќе има средба со британскиот тим за преговори.
– Барние утре ќе има средба со британскиот обвинител Џефри Кокс и со министерот за Брегзит, Стивен Баркли, најави портпарол на Европската комисија.
Средбата што ќе се одржи во Брисел ќе биде организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.