Амазон веб сервисес влегува на македонскиот пазар и во регионот како тренинг провајдер преку соработка со „Семос Едукација” која ќе спроведува обуки кои ќе овозможат квалификации на „клауд” инженери за кои постои огромен недостиг на пазарот на труд. На македонските и компаниите во регионот, беше порачано на промоцијата, им е потребна трансформација на своите бизниси преку користење на клауд технологија која е во подем.
– Носиме технологија која опфаќа 62 проценти од целиот светски пазар во клауд решенија, придонесувајќи да развиваме знаење за македонските ИТ професионалци да станат висококвалитетни и препознаени не само во земјава, туку и надвор, и овозможувајќи им да заработат сериозно многу. На македонските компании, пак, да обезбедат сервиси кои ќе бидат глобални во минути, и да обезбедат ИТ решенија со кои ќе станат светски брендови и ќе придоенсат нашата економија и стандард да биде уште поголем, изјави Валентина Тасева, директор на Семос едукација, која стана прв Амазон веб сервисес тренинг партнер на Балканот.
Тасева посочи дека бројот на ИТ компании во државава се зголемува постојано и ако пред неколку години во нив работеа 8000 лица се претпоставува дека сега околу 20 000 активно работат во ИТ индустријата. – Не назадуваме во поглед на техничките знаења, сите нови технологи доаѓаат во нашата земја, се повеќе луѓе го препознаат тоа, се едуцираат сертифицираат и од Македонија работат глобално, потенцираше Тасева.
Со владиниот Оперативен план за вработување за годинава се предвидени 43 милиони денари за обуки за ИТ и дигитални вештини, со кои ќе бидат опфатени 1.323 лица.
– Ако во 2018 година за таа намена беа одвоени само девет милиони денари годинава се одвоени 43 милиони денари. Дополнително првпат се воведува и онлајн обука и тие од секаде од Македонија можат да пристапат до порталот и да се едуцираат, тие обуки се евтини, дополнително обезбедуваат од дома да ги стекнат тие вештини. Сите мерки кои се спроведоа и лани и претходните години, а се поврзани со И,Т покажуваат дека навистина е голема вработливиста и бројот на вработени млади кои ги поминале овие вештини, изјави Царовска.
Таа ги повика младите да аплицираат за обуките во Агенцијата за вработување и да побараат поддршка при аплицирањето.
– Условите за учество во обуките се во оперативните процедури, треба да се млади до 29 години, некои дозволиуваат да се вклучат и повозрасни лица, треба да имаат претходни знаења затоа што поминуваат во тестирања во компаниите. Има и обуки кои се дизајнирани и без кандидатот да има некакво предзнаење, но треба да има одредени капацитети за да може да се аплицира, информираше Царовска.
Како што порача министерот за информатичко општество и администрациј Дамјан Манчевски, ИКТ компаниите се моторот на дигиталната трансформација.
– Секој успех на компаниите е секако успех на држвата и ова е уште една од алките како ќе ја направиме Северна Македонија следна ИКТ дестинација. ИКТ сертификатите се најважни за младите да се едуцираат и да добијат соодветно работно место место со достоинствена плата и да останат тука. Ќе продолжиме да работиме во оваа насока и се надеваме дека следната година ќе се одвојат уште повеќе финансии за сертификација на вештини за младите, рече Манчевски.
AWS е клауд сервис платформа која нуди складирање на податоци, хостинг и скалбилност на апликации, несерверска инфраструктура и други функционалности кои им помагаат на бизнисите да растат и да се развиваат без големи вложувања во инфраструктурата