Амбасадорот Коснет апелира за непречена регионална трговија

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет порача дека „функционалната пазарна економија и непречената регионална трговија се вистинскиот пат на Косово за привлекување американски и други странски инвестиции”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет на денешната средба со раководството на Американсаката стопанска комора во Косово изјави дека „Амбасадата ја радува тоа што гледа дека нејзините приоритети за мир, правда и просперитет се исто така приоритети и на граѓаните на Косово”.

На средбата, како што е соопштено, станало збор и за потребата од јакнење на владеењето на правото, што е еден од главните фактори за вистински економски развој.

Соединетите Американски Држави постојано бараат од Владата на Косово да ја супспендира таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, порачувајќи дека таа е штетна и против интересите за взаемна соработка меѓу Косово и САД.

Барањето на САД го поддржуваат претседателот на државата Хашим Тачи и парламентарниот спикер Кадри Весели, но упорно на тоа се спротивставува премиерот Рамуш Харадинај, кој вели дека таксата ќе се укине тогаш кога Србија ќе ја признае независноста на Република Косово.

 

Треба да знаете
Последни објави