Проектите за стимулирање на диверзитетот, за креирање на едно општество кое треба да опстојува врз темелите на меѓусебното почитување помеѓу различните култури и за правилното едуцирање на младите генерации во духот на прогресот се неизбежни приоритети кои се дел од работните маси на институциите и тема на нивната професионална соработка. Токму, во рамките на активностите на проектот ,,Зајакнување на отпорноста против насилниот екстремизам“ реализиран под раководство на организацијата ,,Centre for Common Ground” кој се стреми кон реализирање на токму овие цели, се реализираше денешната работна средба помеѓу gрадоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и aмбасадорот на Велика Британија, Рејчел Галовеј.
Градоначалникот Ганиу ја извести британската амбасадорка за актуелните предизвици во функционирањето на општината, стратешките приоритети и изрази силна подготвеност за зајакнување на соработката во полза на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните без разлика на нивната етничка и верска припадност преку имплементирање на проекти кои ги промовираат највисоките принципи на соживот. Амбасадорката изјави дека раката на помошта на Велика Британија за прогресивниот развој на општините во земјава ќе биде секогаш испружена.
По средбата, тие заедно го посетија Основното Училиште ,,Хасан Приштина“ каде учениците и раководството на школото предводена од директорот Љуљјета Ќерими со ентузијазам ја пречека амбасадорката и имаа спремо се за одржувањето на турнирот во шах , како еден од активностите на проектот за иницирање на мултикултурната интеракција помеѓу децата. Градоначалникот на Општина Чаир по повод овие активности изјави: ,,Се чувствувам навистина благодарен што овој проект ги опфаќа токму основните училишта на Општина Чаир, бидејќи едуцирањето на новите генерации во прозападниот дух и засадувањето на љубовта кон спортот кај нив како област на здравиот физички и психички развој, ќе го оневозможи влијание на било каква девијатна појава, ќе го поттикне нивното дружење и почит еден кон друг”.