Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес – Штип

Возач и сопатничка биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Велес – Штип, на клучката кај село Кадрифаково.

Според полицијата, во несреќата учествувале комбе „фиат дукато“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(64) од Кочани и автомобил „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки управуван од В.И.(66) од Скопје.

Во сообраќајката возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката од истото возило М.И.Х.Д.(66) се здобила со телесни повреди. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип, каде што им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави