Заложничка драма во банка во Мостар, уапсени ограбувачите

Полицијата во Мостар уапси тројца крадци, кои денеска се обиделе да ја ограбат Земјоделската банка. Кражбата била пријавена околу 15.10 часот.

Маскирани и вооружени лица како заложници зеле вработени службеници во банката, како и неколкумина граѓани. Според сведоците, разбојниците биле фатени благодарение на брзата полициска интервенција, која ја опколила банката во рекордно кус период по што интервенирале припадниците на специјалната полиција, кои ги разоружале и ги привеле крадците.

Треба да знаете
Последни објави