Италијанскиот премиер утре ќе престојува во еднодневна посета на Србија, при што ќе оствари средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Конте првпат откако е премиер доаѓа во Западен Балкан, а посетата на Србија е негова прва билатерална посета на европска земја од почетокот на годината.
Во пресрет на посетата, Вучиќ во интервјуто за италијанската новинска агенција АНСА изјави дека дека поддршката на официјалниот Рим е од клучно значење за економијата и на европскиот пат на Србија, како и за решавање на косовското прашање.
Тој ја оцени како мудра одлуката на премиерот на Италија да ја посети Србија и
Балканот и покрај проблемите со кои се соочува Унијата, погодена со одреден замор и низок ентузијазам за понатамошно проширување.
За време на посетата на Конте на Србија најавено е потпишување на меморандум за соработка на „Инфраструктурата на српските желзници” со италијанските железници.