Институтот за комуникациски студии денеска ќе го претстави почетокот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!”.
Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој.
Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!” ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми: одржливи градови, здрава околина и климатски промени.
Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!” се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите”, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.