Двајца скопјани биле уапсени откако полицијата во домот во кој што престојувале пронашле и одзеле околу 6 килограми марихуана и 10 куршуми.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.Б.(40) од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и против З.Ф.(33) од Скопје осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Полицијата во четвртокот извршила претрес во домот каде престојувале пријавените во Скопје и ја пронашла дрогата и муницијата.