Камената шума Цинги се наоѓа во Националниот парк Цинги де Бемарга во Мадагаскар.
Уште од 1990 година се наоѓа под заштита на УНЕСКО поради неверојатната убавина и фактот дека тука живеат многу видови животни на кои им се заканува истребување.
Името Цинги потекнува мадагаскарскиот збор што означува „одење на прсти“.
Необичниот пејзаж е резултат на ерозија на варовничките карпи и го добил името „камена шума“.
Спектакуларната глетка од висечкиот мост, кој се смета за најопасниот на светот, привлекува илјадници посетители годишно, но северниот дел од Националниот парк е забранет за посетители.
Стапката на ендемични видови во паркот изнесува 85%, а 47% од нив се локални ендемични видови.