На Крит врнело дожд непрекинато 41 час

 Континуирано, околу 41 час без прекин, врнело дожд на Крит во периодот од 24 до 26 февруари, кога грчкиот остров беше зафатен од големо невреме, според податоците од грчката Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Проценките се дека само на планинските области во западниот дел од островот на површина од околу 140 квадратни километри, паднале над 80.000 000 кубни метри вода, без притоа да бидат земени предвид населбите и општините во поширокиот регион на градот Хања што беше најпогоден од невремето.

Во истиот период од 24 до 26 февруари, според истите податоци од Националната опсерваторија во Атина, во поширокиот регион на Крит биле регистрирани над 15.500 молњи.

Треба да знаете
Последни објави