Српскиот претседател Александар Вучиќ е роден на денешен ден, а неговиот 49-ти роденден први му го честитаа од СПЦ.
Српскиот патријарх господин Иринеј му подари икона со ликот на светиот цар Лазар, а неговиот секретар Дејан Накиќ му подари шарпланинец.
Кутрето е од истото легло како она што Вучиќ му го подари на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Србија.