Индексот на цените на угостителските услуги во февруари годинава остана на исто ниво како во претходниот месец, а во споредба со ланскиот февруари е зголемен за 2,7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2,8 отсто, додека во однос на декември 2018 година е зголемен за 0,2 отсто.