Француските медиуми пренесуваат доста шокантна информација поврзана со талентираниот 21 годишен фудбалер на Бордо, Самуел Калу.
Имено, мајката на овој фудбалер е киднапирана во родната Нигерија во местото Абиа кое е познато по вакви настани.
Киднаперите ја грабнале Жулиет Калу од нејзината кола на 27 февруари, а за да ја ослободат барале околу 40.000 евра.
Полицијата во Нигерија излезе со соопштение во кое вели дека се уште никој не е уапсен по овој немил настан и посочија дека се работи за расветлување на случајот.
Инаку Калу од оваа сезона е член на Бордо и игра сосема солидно во францускиот шампионат. Од октомври минатата година и официјално е и репрезентативец на Нигерија.