Блерим Река ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура

Независниот кандидат Блерим Река ги собра потребните потписи за кандидатурата за претседател на државата.

„Ве информираме дека независниот кандидат, проф. д-р Блерим Река, сега и официјално е кандидат за претседателските избори во Северна Македонија.  Треба да се напомене дека за помалку од 15 часа, Река го поддржаа илјадници граѓани, кои со преку 11.000 потписи, ја потврдија силната поддршка за неговата кандидатура“, се вели во соопштението од изборниот штаб на Река.

Од таму им се заблагодаруваат на Алијансата за Албанците и на движењето Беса за придонесот и поддршката дадена во процесот на собирање на потписи.

Треба да знаете
Последни објави