Владата денеска го утврди предлог-законот зa урбанистичко планирање и донесе одлука, во согласноат со член 137 од Деловникот на Собранието, да го достави на усвојување.
Со новиот предлог на Законот за урбанистичкото планирање се предлага на подобар и поефикасен начин да се уредат системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби.