Во бегство возач кој во автомобил превезувал 21 Авганистанeц

Полицијата го бара возачот во чиј автомобил биле пронајдени седум Авганистанци, а уште 14 Авганистанци во близина на возилото, синоќа на автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија.

Полициски службеници во  20.10 часот забележале автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Авганистан. Во непосредна близина до возилото биле откриени уште 14 Авганистанци.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави