Евровизиската песна „Proud“ на македонската претставничка на годинашното издание на Евровизија во Израел, Тамара Тодевска, ќе биде промовирана во централниот дневник на Македонската радио телевизија в петок, на 8 март, од 19:30 часот, информираат од МРТ.
Музиката е авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.
На сцената во Тел Авив, Тамара ќе настапи во втората полуфинална фестивалска вечер на 16 мај.