Во судир на два воза на главната железничка станица во Брно утрово се повредени 21 лице, од кои 11 биле префрлени во болница.
Другите патници се здобиле со поситни повреди, објави „Радио Прага“.
Од возовите биле евакуирани 250 лица. Во тек е истрага за причината за несреќата.