ДОМ: Уште една победа на правдата, Апелација ја одби жалбата на Боров Дол против ДОМ

Aпелациониот суд Скопје ја одби жалбата на тужителот Боров Дол ДООЕЛ Радовиш против зелената партија ДОМ, како неоснована, соопштија од партијата.

„Советот на судии со претседателката Лидија Димчевска ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје II дека при пренесувањето на јавно достапни информации за рудникот Боров Дол од страна на ДОМ, нема клевета, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Правото на слободно изразување е загарантирано со Европската конвенција за заштита на човекови права и судот тоа го почитува“, соопштија од ДОМ.

За партијата, оваа пресуда е потврда за искрената и чесна борба за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави