„Владеење на правото, демократските принципи, човековите права и почитување на волјата на народот“ се вредностите според кои западните земји наводно се водат, но сепак тие брутално ги кршат овие вредности со процесот кој и го наметнаа на Република Македонија со цел да го сменат името, идентитетот и историјата на Македонија и на сите Македонци низ светот. Ова се однесува и на деловите на Македонија распарчени во 1913 година и поделени меѓу Србија/Југославија (сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и подоцна Албанија.
Македонците нема да го толерираат бришењето на една цела етничка група со цел да се реализираат желбите на нашите угнетувачи и да се задоволат целите на западниот империјализам. Ниту една личност која тврди дека ги почитува човековите права не би смеела да го толерира ова, се вели во соопштението на Заедницата на Македонци од Канада.
Тие ја осудуваат секоја употреба на илегалното и наметнато име „Северна Македонија“ и расистичкиот израз „Северни Македонци“ кога тие се употребуваат место Република Македонија и Македонците.
,,Ја осудуваме употребата на осумкракото сонце на знамето кое беше креирано за да се задоволи нашиот најголем угнетувач – Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви, објекти и од сите македонски настани во Канада, ги осудуваме сите обиди да се смени името на Македонската православна црква, вклучително и актуелниот обид да се избрише зборо „Македонска“ и да се замени со „Охридска Архиепископија“, ги прогласуваме сите претставници на илегалниот заевистички режим за непожелни пред заедницата на Македонците во Канада, бараме итна одбрана на името на Република Македонија и на македонскиот идентитет од страна на меѓународната заедница, бараме сите македонски политичари веднаш да престанат со нивните отстапки пред нашите угнетувачи и
Бараме македонските политичари да го спречат менувањето на македонското име.
Нема да прифатиме ништо друго освен почит за нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја, и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување. Нашето име е Македонија”, се вели во соопштението.