Зариф работи поднел оставка зашто не бил информиран за посетата на Асад на Техеран

Причината за оставката на иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, била тоа што не бил информиран за посетата на сирискиот претседател Башар Асад на Техеран минатата недела, пренесува иранската студентска новинска агенција (ИСНА).

ИСНА го наведе портпаролот на иранското МНР, Бахрам Касеми, како извор за својот напис кој навидум потврдува наратив за оставката на Зариф минатата недела на Инстаграм, која следниот ден му беше одбиена од претседателот Хасан Рохани.

„Министерството за надворешни работи немаше информации на ниедно ниво за патувањето и овој недостаток од информации беше одржуван до крајот на патувањето”, вели Касеми.

Тој додаде дека невообичаената и многу јавна оставка имала за цел да ги врати Министерството за надворешни работи и дипломатскиот систем на земјата на главното место кое им припаѓа.

Зариф е на сегашната позиција од 2013 година и се смета за еден од архитектите на мултилатералниота нуклеарен договор од 2015 година, што во тоа време се сметаше за голем дипломатски напредок. Договорот оттогаш беше торпедиран од администрацијата на Трамп, која го направи непријателството кон Иран еден од столбовите на својата надворешна политика.

Треба да знаете
Последни објави