Индиското Министерство за трговија не обрати големо внимание на неодамнешната најава од Вашингтон со која би се ставил крај на преференцијалниот трговски третман на Индија во рамките на програмата за ГСП, велејќи дека земјата нема да претрпи големи загуби во својотизвоз во САД, пренесува „Спутник“.
„Намерата на САД да ги прекине ГСП бенефициите за Индија нема да има големо влијание. Ефектот ќе биде минимален, најмногу до умерен, врз извозот на Индија во САД”, изјави АнупВадаван, секретар за трговија во индиското Министерство за трговија.
ГСП им овозможува на одредени производи од 120 земји во развој и територии да влезат во САД без царина.
Вадаван посочи дека неговото министерство работи со неколку релевантни оддели и успешноформулирало разумен пакет со кој се одговара на сите загрижености на САД. Тој додаде и дека има барања на кои не може да се одговори.
„Имаше дополнителни барања кои не можеа да се применат. Постои загриженост во врска со достапноста на медицинските помагала и нивната фер цена. Нашиот пристап беше многу избалансиран и не го загрозивме јавниот интерес во ова. Нашиот предлог не беше прифатлив за САД бидејќи Индија не може да направи компромис со достапност на медицински помагала”, истакна тој.
Зборувајќи за обемот на трговијата и за идниот тек на дејствување, Вадахан рече:
„Целокупната трговска размена е околу 5,6 милијарди долари, а придобивките од давачките се околу 190 милиони долари. Владата внатрешно ќе го разгледа ова прашање и ќе излезе со решение”.
Трамп претходно најави дека САД ќе го прекинат бесцаринскиот статус на Индија откако земјата не успеа да им обезбеди пристап на САД до своите пазари. Индија ги одржува високите тарифи за американските стоки, како што се цвеќето, природната гума, автомобилите, мотоциклите, алкохолните пијалаци и текстилот.