Како колегите од „Beverly Hills 90210“ се збогуваа од Лук Пери?

Актерот Лук Пери ќе остане најдобро запаметен по улогата на Дилан Мекеј во популарната ТВ-серија „Beverly Hills 90210“.

 

Веста за неговата смрт на 52 години од мозочен удар погоди милиони обожаватели ширум светот, а посебно неговите колеги од серијата што беше една од најгледаните во 90-тите.

„Срцето ми е скршено. Им значеше толку многу на многу луѓе. Беше толку посебна личност. Ја делам тагата со неговото семејство и сите кои го сакаа. Страшна загуба“, се огласи актерката Џени Гарт (Кели Тејлор).

„Срцето ми е целосно скршено. Лук беше моќна сила во животите на многу луѓе. Беше многу нежна душа, беше добар, великодушен и секогаш се бореше за послабите. Беше моќен глас што ќе им недостига на сите кои го познаваа. Остави трага што никогаш нема да биде заборавена. Испраќам љубов до неговото семејство, пријателите и обожавателите ширум светот“, стои во пораката на Габриела Картерис која ја играше улогата на Андреа Закерман.

Останатите од актерската екипа на серијата се немаат огласено, а актерката Шенон Доерти, која ја играше големата љубов на Дилан – Бренда Волш – неколку часа пред неговата смрт објави нивна заедничка фотографија од снимањето на серијата.

Пери го играше заводникот Дилан цели 10 години.

Треба да знаете
Последни објави