Кина годинава ќе го зголеми својот воен буџет за 7,5 отсто во споредба со 2018 година, соопшти денеска кинескиот парламент.
Според извештајот објавен во пресрет на отворањето на годишната седница на Собранието за буџетот, Кина во 2019 година за одбранбениот сектор ќе издвои околу 177,49 милијарди американски долари, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Како што оценува британската агенција, иако оваа бројка претставува забавен раст на буџетот за одбрана во споредба со 2018 година, истата сепак ги надминува кинеските буџетски цели за оваа година.