Фронтменот на Продиџи, Кит Флинт, се самоуби во 49 година од животот. Веста го шокира светот и милионите обожаватели на славниот бенд. И неговите колеги се огласија, членовите на групата потврдија дека Флинт си го одзел животот.
Детали за самоубиството не се познати, но Флинт неколку пати јавно говореше за својата борба со депресијата.
Годините на консумација кокаин, марихуана и алкохол оставија последици по неговото здравје. Тој малку закрепна во последните неколку години откако се пресели во селска куќа во Есекс, каде водеше мирен живот. Но, борбата со депресијата не успеа да ја победи.
„Се вовлеков во кокаин, трева, многу работи. Поради тоа бев повлечен, досаден и плиток“, изјави во една прилика за Times.
„Ќе ги подредев таблетите и само ги земав и ги земав сè додека не изгубив осет колку ги има и додека не се онесвестам,“, изјави во друга прилика тој, признавајќи дека во живот го одржувала љубовта кон неговите кучиња.
Тој имаше шест кучиња кои ги обожуваше.
„Треба да се има храброст за самоубиство. Јас сум кукавица“, изјави тогаш Флинт.