Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Кичево, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
На 23 август лани во Кичево полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот и пронашле и одземеле кокаин, марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од кокаин.