Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се огласи на социјалните мрежи откако во медиумите се појаави информација дека имал конфликт со Пол Погба после натпреварот против Саутемптон.
„Црвените Ѓаволи“ на тој натпревар славеа со 3:2, а англиските медиуми тврдеа дека после натпреварот, Лукаку и Погба се скарале затоа што на Белгиецот му сметало тоа што Погба го извел пеналот во судиското продолжение.
Очигледно ваквите обвинувања тешко му паднале на Лукаку, кој што одлучи да се огласи на социјалните мрежи.
„Кога омразата не дава резултати, тогаш почнуваат да лажат“, порача Ромелу Лукаку.