Новото Бугати Ла Војтур Ноар чини 16,7 милиони евра

 Новото Бугати „Ла Војтур Ноар” (во превод: „црн автомобил”) чини 16,7 милиони евра. Францускиот производител во претставувањето на А втосалонот во Женева го опиша како „ултимативен ГТ автомобил”, заснован на стандардната верзија на Бугати Чирон.

Согласно називот, возилото е обоено црно, а рачно изработената каросерија е од јаглеродни влакна. Аеродинамиката пак, му дава на возилото прилично флуидна линија.

Под хаубата нема изненадувања: мотор 8.0 В-16 со четири турбини, од 1.500 коњски сили, (1.103 киловати) и 1.600 њутн-метри максимален број вртежи, исто како и кај Чирон и Диво од истата компанија.

За перформансите засега, детали не се соопштуваат.

Бугати Ла Војтур Ноар стана и најскапиот нов автомобил на сите времиња, оти беше однапред продаден за 16,7 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави