ОЈО Скопје поднесе обвинение против дилер на дрога

ОJO Скопје поднесе обвинение против едно лице осомничен кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата утврдила дека на 6 февруари годинава, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој кај себе за продажба чувал марихуана спакувана во метална кутија со тежина од 4,55 грама и хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц.

Биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.

„Ценејќи дека се уште постојат законските основи, а особено имајќи го предвид фактот дека против обвинетиот во истиот момент се водат постапки за уште едно кривично дело –  неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за кривично дело – разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице“, информираат од ОЈО Скопје.

Треба да знаете
Последни објави