Изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни несреќи, од кои осум сообраќaјки со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните несреќи девет лица се здобиле со телесни повреди.
Полицијата казнила 33 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи. Од нив, тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца затоа што биле возачи-почетници.
Од сообраќај се исклучени и осум возила бидејќи седум биле нерегистрирани, а едно било технички неисправно. Казнети се сум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 25 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 102 мандатни платни налози и 77 возила се подигнати со специјално возило пајак.