Скапароти ја предупреди Америка: С-400 системот би бил закана за Ф-35

Американскиот врховен командант на НАТО силите за Европа, генерал Кетрис Скапароти изјави денеска дека ќе препорача САД да не продаваат борбени авиони Ф-35 на Турција ако Анкара продолжи со реализација на планот да купи руски противракетен систем.
Скапароти смета дека Турција треба да го разгледа својот план за купување на рускиот систем С-400 или ќе загуби други идни американски воени летала и системи.
Според него, С-400 системот би бил закана за Ф-35.
Американски официјални лица се моментно во Турција за да разгледаат последици од купување на С-400 системот.
Испораката на Ф-35 е одложена додека Анкара се уште води преговори во врска со системот С-400 со Москва.
Треба да знаете
Последни објави