Сојуз за Србија: Вучиќ фатен во лага, не може да прикрие дека е подготвен за признавање на Косово

„Претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, повторно е фатен во лага со која се обиде на странците истовремено да им испрати порака дека е подготвен да го признае Косово како независна држава, а на јавноста во Србија да се претстави како борец за Косово”-соопштија од опозицискиот фронт Сојуз за Србија(СзС).

Вучиќ веќе не може да сокрие дека е на чекор до приватна спогодба со која трајно и неповратно ќе ја разгриничи Србија од територијата на Косово, се наведува во соопштението за јавност на СзС, во кое се оценува дека ова јасно се потврдува од изјавата на италијанската агенција АНСА, во која изјави дека Србија “не може да го признае Косово, а да ништо не добие од другата страна”.

На карактеристичен манипулативен начин, тој сочека оваа вест да се објави во западните медиуми, а потоа побара од италијанската новинска агенција повторно да ја емитува веста без оваа реченица, со цел од српската јавност да ги сокрие своите вистински намери и да се претстави како борец за Косово,нагласуваат од СзС.

Сојузот за Србија во неколку наврати и укажа на јавноста за лагите на Вучиќ дека договорот за Косово не е на повидок и дека никакви преговори не се водат, а вистината е дека преговорите на Вучиќ и на неговиот партнер Хашим Тачи се на чекор до завршницата, со цел постигнување на договор според кој Србија би и овозможила на Приштина да постане членка на ОН-се наведува во соопштението.

-Го повикуваме Вучиќ конечно да и открие на јавноста за она што разговара со Тачи на тајните состаноци во Париз, Њујорк и Рим и дали на самопрогласеното Косово му понудил дел од територијата на централна Србија и де факто признавање како независна држава, прашуваат од СзС.

Треба да знаете
Последни објави