Турција денеска повторно го отвори југоисточниот граничен премин со Сирија кој беше затворен осум години, јави агенцијата Анадолија.
Од денеска турските камиони можат да го преминат граничниот премин Онџупинар во турската област Килис, со приложување соодветни патни документи на царинските службеници.
Граничниот премин беше затворен во 2011 година кога избувна граѓанската војна во Сирија.
Турските превозници мораа да запрат на граничниот премин и да ја префрлат својата стока во сириски камиони.
Според информации на Анадолија, во последните неколку часа преку преминот во Сирија влегле 50 камиони.