Фатен крадец кој ограбувал куќи во Охрид

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.А.(29) од охридското село Лескоец, осомничен за сторени седум кривични дела тешка кражба.

Осомничениот бил фатен во тек на извршување на кражба во стан на улица АСНОМ во Охрид. Кривичните дела ги извршил во периодот од 11 јануари до 28 февруари оваа година во пет куќи и два стана во Охрид. Тој насилно влегувал и одземал телевизори, златен и сребрен накит и други вредни предмети.

На тој начин С.А. се стекнал со противправна имотна корист од 275.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави