Во Хрватска се гради луксузен рисорт со куќи на вода

Под падините на Велебит, во близина на Ловинац, во ек е изградбата на населбата T-NEST која може да се карактеризира како „органски луксуз” , или како „туристичка населба еднаква на најдобрите во светот. Во луксузната населба, чиј инвеститор е компанијата Јадрански луксузен развој доо, ќе има рецепција со конференциска сала, 39 дрвени куќички „на дрво”, 31 платнена од кои осум двокатни куќички „на дрво”, два ресторана, бар, велнес, базен..Куќичките ќе бидат опремени со џакузи, сауни, подно греење … тие се наменети „за луѓе кои сакаат целосно да се нурнат во природата, а притоа да не мора да се откажат од удобноста на живеењето и од одлична кујна”. Тоа ќе чини околу 15 милиони евра, а куќичките ќе се изнајмуваат за 400-500 евра од вечер. Првите гости во овој луксузен рисорт се очекуваат веќе наесен.

Треба да знаете
Последни објави