Бројот на превезени патници во патниот превоз во четвртото тримесечје од 2018 година е зголемен за 12,4 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 1,4 отсто, во воздухопловниот превоз за 8,7 отсто, а во железничкиот превоз е намален за 3,5 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е намален за 1,7 отсто во споредба со третото тримесечје од 2018 година, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 29,2 отсто, во железничкиот превоз за 10,5 отсто, додека во воздухопловниот превоз е намален 33,1 отсто.
Количеството на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2018 година во споредба со четвртото тримесечје од 2017 година, е зголемено за 21,7 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 25,9 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 8,0 отсто.
Во однос на третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 9,7 отсто, во железничкиот превоз за 27,1 отсто, а во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 31,4 отсто.