МЗЗПР потикнува превентивна култура за безбедни и здрави работни места

 Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), како една од активностите во насока на поттикнување на превентивна култура за овозможување на безбедни и здрави работни места, почна со продуцирање на видеа/емисии, соопштуваат од МЗЗПР.

Видеата се објавуваат на нивниот „youtube” канал, како и на останатите социјални мрежи, а се објавуваат секој понеделник.

– Огромен број на луѓе загинуваат на своето работно место. Оставаат позади себе завиени во црно-деца, сопружници, цели семејства. Не сакаме да стоиме немо пред ова. Затоа ги отвараме и прашањата, поврзани со трудот воопшто, велат од Здружението.

Тема на вчерашната емисија, како што се наведува во соопштението, беа: Koмпензација на трудот, човековата работна средина и влијанието врз другите, кои се или кои треба да бидат мерилата за компензација на трудот?, платите како еден од стандардите за достоинствен живот и дали во Македонија платите овозможуваат достоинствен живот?, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави