Жозе Мурињо ја предводеше екипата на милански Интер во 2010-та година до титулата во Лигата на шампионите, а истата сезона „Нераѕурите“ ги „обединија“ сите титули.
Мурињо беше дел од историскиот успех на Интер – миланскиот клуб во 2010-та година стана единствениот италијански клуб кој што освоил „Триплета“ (Лига на шампиони, Серија А и Куп на Италија), по што Португалецот одлучи и да го напушти Милано.
Португалецот веќе од идната сезона беше тренер на Реал Мадрид, но се чини дека не успеа да ја сруши доминацијата на Барселона, иако освои титула во Примера со „Кралевите“.
За време на интервјуто, новинарот се обиде да го „боцне“ Мурињо, велејќи дека е штета што не ја освоил Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, мислејќи на тоа додека бил тренер на Реал Мадрид.
„Ја освоив Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, но тоа го сторив со Интер“, возврати Мурињо, потсетувајќи дека токму на стадионот на Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите со Интер, триумфирајќи над Баерн Минхен со 2:0.