Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице во чиј дом билe пронајдена марихуана, хашиш и дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.
Како што информираат од Обвинителството, на 06 февруари годинава, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој чувал дрога наменета за продажба. Притоа биле пронајдени 4,55 грама марихуана спакувани во метална кутија и хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц.
Покрај тоа, полицијата пронашла и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.
Обвинетиот се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Со оглед на тоа што против него во моментов се водат постапки за уште едно кривично дело од овој вид, како и за разбојништво, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за продолжување на определената мерка притвор.