САД ѝ се заканија на Турција со сериозни последици ако не се откаже од купувањето на системите С-400 од Русија, при што портпаролот на Пентагон ја советуваше Анкара да побара подобри решенија и предупредувајќи ја за можни пошироки импликации.
„Купувањето на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400 ќе предизвика сериозни последици врз одбранбените односи на САД со Турција”, изјави портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, за „Ахвал њуз“ во понеделникот.
Турскиот план за купување С-400 предизвика голема загриженост во целиот НАТО сојуз, аВашингтон тврдеше дека неговото распоредување покрај американското оружје, како што се стелтовите Ф-35, ја поткопува интероперабилноста на Алијансата и може да им открие „тајни” на Русите.
Покрај постојаниот притисок и заканите со санкции, администрацијата на Трамп минатиот месец привремено го прекина трансферот на 100 авиони Ф-35 во Турција.
Турција, од своја страна, одби да потклекне пред американскиот притисок, инсистирајќи дека диверзификацијата на воените трошоци е од клучно значење за националната безбедност.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изрази надеж дека Вашингтон ќе го промени својот став, но САД ги продолжуваат своите консултации со Анкара за да ја информираат за пошироките импликации од купувањето руски С-400, истакна Пахон.