Германскиот политичар, поранешен заменик и шеф на дипломатијата, Клаус Кинкел, почина на возраст од 82 години, објавија германските медиуми.
Кинкел беше и претседател на германските либерали (FDP).
Лидерот на таа партијата на „Твитер“ објави дека му е жал за смртта на Кинкел и дека тој бил правичен и скромен човек со карактер.
Кинкел повеќе години беше меѓу најблиските соработници на поранешниот министер за надворешни работи, Ханс-Дитрих Геншер.
Тој исто така бил и шеф на Западногерманската разузнавачка служба (БНД) од 1979-82 година.
За време на војните на територијата на поранешна Југославија, Кинкел најпрво беше министер за правда, а потоа и шеф на дипломатијата, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Тој се залагаше за формирање на Меѓународниот суд за злодела за територија на поранешна Југославија.
Своевремено во интервјуто за „Дојче веле“, тој изјави дека во случајот со Сребреница, одговорност имаат и ОН, НАТО, Европската унија и самиот тој бидејќи не знаеле за ужасите кои се случувале таму.